Брест Мешков останува без услугите на Атман и Никуленкау на СЕХА Ф4

Екипата на Мешков Брест ослабена ќе влезе во првото полуфинале од СЕХА ф4 турнирот во Вараждин. Поранешниот ракометар на Металург, русинот Павел Атман од поодамна е повреден и нема да може да им помогне на своите сограчи против фаворитот Веспрем. Да биде малерот поголем за тимот на Бебешко се погрижи уште еден од најдобрите поединци на Брест Мешков, Никуленкау кој заработил повреда на денешниот тренинг, по што драстично се намалуваат и така малите шанси на Белорусите да напраат изненадување против Веспрем.
Првото полуфинале помеѓу Веспрем и Брест Мешков е закажано за утре (1.03.2016,петок) сo почеток во 18 часот и 30 минути.