Брестовац со проверени сили против Турција и Грција

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац го соопшти списокот од 28 ракометари на кои ќе смета за двата меча од квалификациите против репрезентациите на Турција и Грција.

На списокот се најдоа проверени ракометари кои играа и на последните средби против Исланд така што не се очекува да има поголеми измени и кога составот ќе биде скратен.

Меѓу оние кои се вклучени во ростерот се најдоа и дел од членовите на кадетската селекција така што тука се Кизиќ, Младеновиќ, Костески… Секако ова е добро за нив и најава дека полека ќе се вклучуваат и во работата со сениорската репрезентација.