Брестовац побара три собири за кадетите пред Мундијалот

Машката кадетска репрезентација ја очекува настапот на Мундијалот во Македонија, што ќе се одржи во август. На седницата на Управниот Одбор на РФМ, селекторот Данило Брестовац поднесе извештај за настапот на кадетите на турнирите во Скопје и Бугојно и најави дел од програмата за подготовките пред СП.

Брестовац ги најави активностите на кадетите пред Мундијалот. Тој побара од РФМ да обезбеди ресурси за три кратки собири, како и подготовки во Струга од 10 до 17 јули и подготовки во Маврово од 20 до 30 јули, по што кадетите во Скопје би ги завршиле последните активности пред СП.

Ждрепката ќе биде во Базел на 29 мај, кога ќе ги дознаеме противниците во групата. Мундијалот стартува на 6 август и ќе трае до 18.