Брестовац: Одиме на победа во Турција со оние кои се подготвени „да се истепаат“ (ВИДЕО)

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац денеска прозиваше во Скопје и на собирот на репрезентацијата ги истакна приоритетите и очекувањата од последните два квалификациски дуели против Турција и Грција. Ја признава улогата на фаворит и на двата меча и најавува две победи за задржување на првата позиција во квалификациската група.

„Приоритет ни е добар натпревар и успех против Туција. Ќе одиме чекор по чекор не би зборувал ништо за натпреварот со Грција. Очекувам добар, квалитетен и борбен натпревар. Со мене очекувам да дојдат момците кои повторно ќе кажам се подготвени ‘да се степаат’ таму со Турците. Очекувам победа и да ја задржиме првата позиција на табелата со што ќе одиме еден шешир погоре, тоа ни е приоритет на овие два натпревари“, рече Брестовац во својата прва изјава пред стартот на подготовките за дуелите против Турција и Грција.

Македонија натпреварот со Турција го игра на 12 јуни со почеток во 18 часот, а комплетната изјава на Брестовац можете да ја видите во видеото во продолжение.