Брегар успешен на стартот на женската унгарска лига

За унгарските клубови во женска конкуренција сезоната 2015/16 и официјално започна со одигрувањето на првите натпревари во домашната лига. Победа остварија фаворитите, без ниту едно изненадување.

 

Ракометарките од Србија, Црна Гора и Хрватска лидери во победата на Вац

Успешен старт имаше и Вац, екипа која има драстични промени во однос на минатата сезона. Тренер на Вац е поранешниот помошен тренер на ЖРК Вардар, Урош Брегар. Вац во првото коло гостуваше во ЕРД против истоимената екипа и оствари победа со два голови разлика, 16:18 (6:9). Одлично деби имаа и новите ракометарки во екипата, Кристина Лишчевиќ, Соња Башиќ и Сара Вукчевиќ. Листата на стрелци во Вац ја предводеше репрезентативката на Србија, Лишчевиќ со четири погодоци, три запиша Башиќ, додека два погодоци постигна Вукчевиќ. На спротивната страна, Лара Гонзалез беше прв стрелец во екипата на ЕРД со четири погодоци, три постигна Катарина Крпеж.

Ѓер убедлив против Фехервар

Ракометарките на Ѓер остварија убедлива победа против екипата на Фехервар со резултат 31:20 (12:8). Домашната екипа имаше сила само 20 минути, а потоа бековската ударна линија на Ѓер ја полнеше мрежата на Фехервар. Дорина Корсос и Јорум Суланд беа први стрелци кај Ѓер со шест погодоци. Успешно деби во дресот на Ѓер имаа и Корнелиа Грот која постигна четири погодоци и Јевете Брош беше стрелец на три погодоци.

Резултати, 1 коло

ФТЦ – Мошонмаѓаровар 30:20 ( 17:9)

Дебрецен – МТК Будимпешта 35:12 (14:5)

ЕРД – Вац 16:18 (6:9)

Дунајварош – Будаерш 37:28 (17:15)

Фехервар – Ѓер 20:31 (8:12)

Сиофок – Бекешчаба 34:26 (22:14)

Распоред, 2 коло

Вац – Дебрецен

Ѓер – Сиофок

МТК Будимпешта – ФТЦ

Мошонмаѓаровар – Дунајварош

Бекешчаба – ЕРД

Будаерш – Фехервар

Фото: NSO