Бразил ја зацврсти првата позиција

Четвртиот натпреварувачки ден од женскиот олимписки турнир го отвори домашната репрезентација која силите ги вкрсти со Ангола. Изедначен беше првиот дел, но „кариоките“ не дозволија изненадување пред својата публика и запишаа победа со резултат 28-24.

Одлично прво полувреме одигра Ангола, кога во 20та минута имаше солидна предност од три погодоци 10-7. Бразил брзо возврати и изедначи на стартот од 25та минута со што полувремето заврши во егал 13-13.

За само десет минути во вториот дел, Бразил успеа да направи разлика од четири погодоци, а разликата порасна на високи шест на истекот на 51та минута. Роча донесе високи седум за Бразил 27-20, со што јасно им стави до знаење на противничките ракометарки дека поените ќе ги запише домашната репрезентација. По истекот на 60те минути Бразил славеше со конечен резултат 28-24.

Со оваа победа Бразил е на водечката позиција во групата А со 8 поени и е сигурен патник во елиминациските фази на олимпискиот турнир. Ангола е на четвртата позиција со четири поени, но дали ќе успее да ја задржи позицијата зависи од натпреварот во кој Романија ќе ги вкрсти силите со Шпанија.