Бразил повторно на врвот во група Ц

Светскиот шампион го доби дербито против Германија во третото коло од групната фаза со резултат 24:21 .

Изедначен натпревар до 50 минута, по што следуваше серија од три гола на Бразил кои го решија победникот на натпреварот. Играч на мечот беше Едуарда Аморим која ги превзема конците во свои раце кога се кршеше резултатот и со 7 погодоци донесе втора победа на својата репрезентација на ова Светско првенство.

Со оваа победа Бразил се искачи на првата позиција во група Ц, со ист број бодови како Франција. Двете репрезентации во меѓусебен дуел ќе го одлучат победникот на групата во Колдинг.

Бразил-Германија 24:21 (9:8)

Бразил: Аморим 7,  Да Силва Куинтино 5,  Родригез 4, Франка Да Силва 4, Де Оливеира Пиедаде 3, Кавалиеро 1.

Германија: Смитс 4 , Лоерпер 4, Милер 4, Мазуко 2, Бенке 2, Шулце 2, Ланг 1, Фишер 1 , Наиѕианавичиус 1.