„Браво ракометаришта, покажавте дека може да се победува и со шест на шест“

Македонија се враќа со победа од 34:33 против Исланд и тоа е голем резултат за македонскиот ракомет бидејќи после голема серија на порази на гостувањата кај овој противник, конечно Македонија успеа да победи.

Стратегот на Охрид, Горан Андоновски, кој го коментира секој настап на националниот тим, се огласи на својот Фејсбук профил и по натпреварот во Рејкјавик.