Бојиновиќ од ПСЖ во Борац Бања Лука

Искусниот ракометар на ПСЖ,Младен Бојиновиќ, од новата сезона ќе настапува во Борац од Бања Лука. Бојиновиќ ќе биде огромно засилување за тимот на Борац кој ќе се натпреварува во квалификациите за Лигата на шампионите. Босанскиот шампион во новата сезона ќе биде дел и од регионалната Сеха лига.

Со новиот клуб, искусниот бек потпиша едногодишен договор.

Младен Бојиновиќ својата кариера ја започна токму во Борац Бања Лука, а го носеше дресот и на РК Партизан, Адемар Леон, Барселона, Ирун, Монпелје и ПСЖ.