Бојана Поповиќ проговори за можното заминување на Цвијиќ и Неагу

Се погласни се шпекулациите дека неколку моќни ракометни клубови се заинтересирани во своите редови да ги видат извонредните ракометарки на Будуќност, Драгана Цвијиќ и Кристина Неагу. Најгласни во тие шпекулации се романските медиуми кои објавија дека новосоздадениот романски проект, екипата на ЦСМ Букурешт е заинтересирана во своите редови да ги доведе токму овие две ракометарки. По повод овие шпекулации, директорот на Будуќност, Бојана Поповиќ со свое видување:

Никој нема контактирано со нас, но секако дека ќе бидат барани бидејки се врвни ракометарки. Засега од тоа нема ништо. Нив на лето им истекуваат договорите и сеуште немаме разговарано околу продолжување на соработката, но се надевам дека ќе разговараме по враќањето од Европското првенство. Најпрво треба да видиме какви ќе бидат нашите амбиции за наредната сезона, па ќе знаеме нешто повеќе во врска со играчкиот кадар.