Босна го совлада Иран по фанстачиното второ полувреме

Во првиот натпревар од нашата група Б, репрезентацијата на Босна и Херцеговина потешко од очекувањата успеа да го совлада Иран со 30-25 и ја забележа првата дебитантска победа на големите ракометни натпреварувања.
Босанците во грч го започнаа својот деби настап на големите ракометни собири па Иран ја имаше комплетната доминација во првиот дел. По почетните 15 минути кога резултатот на семафорот гласеше 7-7, Иран го превзеде водството кое во втората половина на првиот дел најчесто беше изразено со два гола позитива. Босанците имаа премногу грешки во нападот,а и одбраната не беше на задоволително ниво. Иран тоа го искористи на најдобар начин успевајќи да дојде до највисоки +4, 12-16, резултат со кој се отиде и на полувреме.
bosna-iran
Во второто полувреме босанците влегоа многу помотивирано и веќе по 4 мунути игра со голот на Врањеш успеаа да израмнат на 16-16. Во 40 минута Босна поведе со 19-18 и до самиот крај постојано го зголемуваше своето водство кое на 10 минути до крајот изнесуваше пет голови предност, 25-20. На крајот конечни 30-25 за прва победа на репрезентацијата на Босна и Херцеговина на СП во Катар.

Душко Челица беше најпрецизен во составот на БиХ со 6 голови, а го следеше Карачиќ со 4.