Босанскиот селектор Марковиќ пред натпреварот со Македонија за 24ракомет: Македонија ја вбројувам меѓу фаворитите

Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Драган Марковиќ со пофални зборови за нашиот национален тим пред денешниот важен дуел за двете репрезентации кој е на програмата од 17:00 часот. На нашето прашање кој е најголем адут на Македонија против селекцијата на Босна и Херцеговина, Марковиќ вели:

Најголем адут се двете екипи кои Македонија ги има во Лигата на шампионите. Видливо е искуството на ракометарите на теренот како и зрелоста во играта. Надополнети со ракометар од светски калибар каков што е Кирил Лазаров, за мене тоа е една од репрезентациите која ја вбројувам меѓу фаворитите не заради тоа што јас сум југоносталгичар, туку тоа е реалноста.

За очекувањата на денешниот дуел против нашата селекција Марковиќ вели:

Тоа ќе биде еден многу тежок натпревар за мојата репрезентација. Добро, ние немаме што да изгубиме и одиме од натпревар во натпревар да направиме изненадување па така ќе биде и сега против Македонија. Сигурно ќе биде многу тежок натпревар.