Борусија Дортмунд гради силен тим: Волтеринг и Милер нови членови на германскиот суперлигаш

Новиот суперлигаш во Бундес лигата во женска конкуренција, Борусија Дортмунд за следната сезона гради силен тим кој ќе биде конкуренција на Турингер, Лајпциг, Буктехундер и останатите ракометни клубови кои ќе се борат за шампионската титула. Во составот на Борусија Дортмунд настапува и поранешната репрезентативка на Македонија, Наташа Коцевска.

Управата на клубот за следната сезона ги ангажираше двете репрезентативки на Германија, Клара Волтеринг од ЖРК Будуќност и Ане Милер од Лајпциг. Исто така пред една недела Надгорнаја се пресели во редовите на германскиот клуб. Покрај овие засилувања Борусија Дортмунд ја ангажираше и Кјерсти Салберг од Олденбург.