Борозан: Посебно се радувам што ќе играм пред најдобрите навивачи во Европа!

Македонскиот машки ракометен шампион Вардар денеска и официјално ги потврди најавите за пристигнувањето на црногорскиот бомбардер Вуко Борозан во “црвено-црните” редови. Новиот вардарец не го криеше задоволството од враќањето во Македонија и Скопје во кои како што вели има голем број на пријатели и се чуствува како дома.

“Среќен сум што следната сезона ќе настапувам во Вардар. Тоа е голем клуб, еден од најдобрите во светот, и покрај тоа што имав понуди од врвни клубови постојано размислував на добиената понуда од Скопје. Во Македонија се чуствувам како дома, имам голем број на пријатели, а ќе ми биде посебно задоволство да работам со тренер како што е Раул Гонзалес за кого имам слушнато многу убави работи. Вардар секогаш има високи амбиции и тоа посебно ми се допаѓа, така да со мојот нов клуб би сакал да освојам се. Исто така сакам да им се заблагодарам на моите менаџери кои ми го овозможија овој трансфер а јас сум сигурен дека ќе ја оправдам довербата.Едвај чекам да започнат обврските во Вардар, а посебно се радувам што ќе играм пред најдобрите навивачи во Европа кои прават фантастична атмосфера”-изјави Борозан за црногорскиот ракометен портал Хендбал Монтенегро.