Борко Ристовски ја спаси Барса и има една од топ 5 одбраните во ЛШ (ВИДЕО)

Првиот голман на репрезентацијата на Македонија, Борко Ристовски имаше уште едно одлично претставување во дресот на Барселона во Лигата на шампионите. На дуелот против Кристијанштад тој имаше свој ден и одбрани неколку тешки удари во клучните моменти. Со неговите одбрани Барселона успеа да се спаси од пораз, а една од нив се најде во Топ 5 одбраните во 2. коло од Лигата на шампионите.

На списокот на голманите со најдобри одбрани покрај Борко Ристовски се најдоа и Андреас Паличка (РАЈН НЕКАР – Висла Плоцк), Карим Хендави (Металург – БЕШИКТАШ), Матијас Андерсон (Веспрем – ФЛЕНЗБУРГ) и Урбан Лесјак (Алборг – ЦЕЛЈЕ).