БОРКО РИСТОВСКИ: Не треба да тагуваме, туку да се сконцентрираме на следните натпревари

Првиот голман на нашата репрезентација кој беше прогласен за играч на мечот е реален во однос на натпреварот со Франција.

РИСТОВСКИ: „ Одигравме квалитетни 30 – 40 минути,  онолку колку што можеме да се носиме со еден великан како што е Франција, да бидеме реални.  Треба да се сконцентрираме на следните два натпревари од кои што зависат многу работи на ова првенство. Да не тагуваме и премногу дебатираме што можевме и колку можевме. Се надевам и на следните натпревари ќе одиграме така добра одбрана како денеска.“