Борко и Бенфика тргнаа во потера на Порто и Спортинг (ФОТО)

Тимот на Бенфика, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски, ги започна подготовките за претстојната сезона.

Ристовски и неговите колеги ги завршија стандардните лекарски прегледи и фотосесии во изминатите неколку дена и веќе се посветија на тренинзи во Лисабон под водство на тренерот Карлос Резенде.

Нашиот репрезентативец доби балканско друштво, откако во тимот дојде левиот бек Петар Ѓорѓиќ, а потпиша и данскиот пивотмен Рене Тофт Хансен.

Бенфика претстојната сезона ќе се обиде да се трка со силните Порто и Спортинг за титулата во португалскиот шампионат, а ќе игра и во ЕХФ Купот.