Борец се „удави“ во Охрид

Ракометарите на Охрид ја забележаа втората победа во третиот одигран натпревар во Супер лигата, прва на домашен терен, откако славеа над Борец со 27:24.

Гостите беа тие што го диктираа темпото на стартот, водеа со 3:1, 4:3, 10:8, но Охрид го доби првиот дел со 12:11. Во второто полувреме се беше во знакот на домашниот тим. Направија солидна залиха, 19:12, 20:13 и до крајот умешно ја сочуваа, иако Борец во една прилика се закани и намали на 22:20, сепак немаа сили барем за бод на овој дуел кој заврши со конечни 27:24.

Во домашниот тим се истакна десното крило Бобан Блажески со 6 голови, додека бекот Кобетиќ даде 5. Во гостинскиот состав пак најдобар беше Ивица Илиев со 10 голови, односно скоро половина од головите на Борец, сепак ниту тоа не беше доволно за нешто повеќе.

Фото: ohridnews.com