Борец се сели меѓу прволигашите, Прилеп доби шанса плус

Екипата на Охрид го освои првото место во плеј-аут лигата, а тоа беше познато уште претходно. Синоќа против Вардар јуниор, охриѓани само потврдија дека се во подобра форма од своите ривали. Зад Охрид остана Струга која беше близу, а практично и немаше никакви дилеми во плеј-аутот.

Вардар јуниор и Радовиш уште претходно си обезбедија место во Супер лигата и за следната сезона, а не беше неизвесно ниту околу испаѓањето од лигата и претпоследното место кое води во бараж.

Борец ја напушти лигата, додека Прилеп ќе мора во бараж, а кој ќе биде противникот ќе биде познато в сабота кога се игра дуелот мешу Јуниор Кисела вода и Работнички.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНО, 10. КОЛО

ПРИЛЕП – РАДОВИШ   32:54

ГРК БОРЕЦ – СТРУГА     18:39

ОХРИД – ВАРДАР ЈУНИОР   37:26