Борац на домашен терен ќе бара место во елитното натпреварување!

Како најава за ждрепката во Лигата на шампиони, европската ракометна куќа ги одреди групите и носителите на квалификациите за пласман во групната фаза.
Во женскиот дел од Лигата на шампиони два победника од двете квалификациски групи директно ќе се натпреваруваат во групната фаза. Во група 1, поранешниот европски првак Ѓер ќе се обиде да се врати на старите патеки прку Раднички Крагуевац, холандскиот тим Серкодак и норвешкиот состав на Гласверкет кој ќе биде организатор на турнирот.
Носител на групата 2 е данскиот состав Есбјерг, а за пласман во групната фаза главна конкуренција ќе и биде Баја Маре. Романскиот вице-првак ќе биде организатор на квалификациската група, во која ќе се натпреваруваат и белорускиот првак Минск и турскиот претставник Анкара Јенимале.
Натпреварите се играат 12 и 13 септември.
wpid-20150626_183853.jpg
ГРУПА 1
ПОЛУФИНАЛЕ:
WHC Radnicki Kragujevac (СРБ) vs Györi Audi ETO KC (УНГ)
SERCODAK Dalfsen (ХОЛ) vs Glassverket (НОР)

ГРУПА 2
ПОЛУФИНАЛЕ:
Ankara Yenimahalle (ТУР) vs Team Esbjerg (ДАН)
BNTU BelAz Minsk (БЛР) vs HCM Baia Mare (РОМ)

Во машкиот дел ќе има една квалификациска група, а честа да ја организира му припадна на босанскиот шампион Борац. Во случај екипата од Бања Лука да не може да ги исполни очекувањата на ЕХФ, следни во редот за организирање на квалификацискиот турнир ќе бидат Лионс, Алпла и Елверум.