„Бомбардерот“ Борозан – МВП на натпреварот против Рајн Некар

Вардар го совлада досега непоразениот тим на Рајн Некар Ловен и му се одмазди за единствениот пораз лани во шампионската сезона во Скопје. Еден од главните адути на Раул на дуелот против „лавовите“ од Манхајм беше левиот бек Вуко Борозан.

Ниту Паличка, ниту пак Апелгрен немаа решение за неговите „бомби“ и 7 пати мораа да ја вадат топката од мрежата по ударите на црногорскиот репрезентативец. Тој беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот на неделата според ЕХФ.