Бозароски донесе реми во Прилеп: Само бод за Радовиш и нов чекор назад

Александар Бозароски со гол во последните секунди од средбата го затвори резултатот на дуелот против Радовиш и ги постави конечните 26:26, а гостите иако имаа време за напад не успеаја да искористат и си заминаа само со бод.

Екипата на Радовиш го загуби чекорот во трката за 4. место бидејќи со ремито во Прилеп загуби многу така што ќе треба многу да надомести во вториот дел од сезоната.

Средбата имаше две различни полувремиња, поточно и двете екипи имаа свои периоди. Гостите го добија почетокот и брзо дојдоа до 7:2, но не успеаја да ја зачуваат оваа позитива. Домашните ги консолидираа редовите и почнаа да ги вртат работите во своја полза.

Радовиш постигна седум гола за 11 минути, а потоа до крајот на првиот дел имаше уште само четири што беше премалку за да може на одмор да се замине со предност. Затоа Прилеп имаше 13:11 на паузата.

Во вториот дел домашните беа подолго во предност. Тие водеа и со 25:24 на влезот во последните три минути кога гостите со серија од 2:0 дојдоа до пресврт. Сепак, во клучните моменти и двете екипи промашија пенали за нешто повеќе, а Бозароски беше стрелец на последниот гол со кој беше затворен овој дуел.

ПРИЛЕП – РАДОВИШ   26:26 (13:11)

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи: 300. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Драги Папуџиев од Скопје.

ПРИЛЕП: Јовановски, Ивчески, Стоилов, Ѓоргиески 5, Петкоски 2, Вешоски 1, Тренчески 5, Спасески, Бозароски 8, Рајатоски 2, Јанчев 1, Нешкоски, Јанески.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 10 мин.

РАДОВИШ: Паунов 1, С. Спасов, Левов 5, Марков 2,Борисов, Долдуров, Глигоров, Ѓоргиев 2, Постолов, Фенов, Соколов 3, Симиќ 5, Ристов, Чизмовиќ 1, Мајиќ 7, А. Спасов.

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 4 мин.