Богдан Радивојевиќ за 24Ракомет ТВ: Подготвени сме за Вардар, но и Вардар за нас (ВИДЕО)

Десното крило на Рајн Некар од Србија, Богдан Радивојевиќ пред првиот од двата дуела против Вардар во една недела беше расположен. Исто како и неговите колеги на последниот тренинг пред пресметката во СЦ „Јане Сандански“ и тој не го криеше оптимизот дека во Скопје се дојдени да се надигруваат со актуелниот европски првак.

„Доаѓаме на гости кај европскиот првак кој заслужено освои многу трофеи во оваа година. Титулата е кај тимот кој лани покажа најмногу, но ние сега сме подготвени да се надигруваме. Знаеме што игра Вардар и како игра сезонава и сме подготвени. Имаме гледано многу натпревари и анализирано, но знаеме дека и Вардар исто така не анализира нас така што сигурни сме во тоа дека ни престои одличен натпревар“, изјави за 24Ракомет, Богдан Радивојевиќ.

Комплетното интервју на 24Ракомет ТВ со Радивојевиќ можете да го проследите во продолжение.