Бледо издание на Дунајварош во Ростов

Унгарскиот суперлигаш, Дунајварош беше декласиран на гостувањето во Русија од Ростов Дон со високи 28:19 ( 14:8) во рамките од ЕХФ Купот. Уште од самиот почеток домаќинките брзо ја наполнија мрежата на унгарките од сите позиции. Најефикасна на натпреварот беше Екатерина Илина со седум погодоци. Во составот на Дунајварош најдобра беше Азари со пет погодоци. Реванш натпреварот се игра во Дунајварош на 14.02.2015.
Унгарската екипа ќе има тешка задача да обезбеди влез меѓу најдобрите осум екипи во ЕХФ Купот.

Фото:kohaszkezi.hu