Блажески: Ремито во првиот меч против Волендам нè освести, па во вториот влеговме посериозно

Најефикасниот играч на Охрид на двата наптревари од Купот на ЕХФ против холандскиот тим Волендам беше десното крило Бобан Блажески со 12 голови. Тој вели дека не било лесно на теренот, но дека на крајот заслужено се пласираа во следната рунда.

„Можеби малку го потценивме противникот на првиот меч, рековме дека ќе поминеме полесно и добро е што излезе реми, па малку се освестивме. Но за вториот дуел сериозно си ја сфативме работата и на крајот се испадна добро за нас. Јас и Андоновски играме по цели натпревари на крилните позиции, но имаме уште двајца младинци кои од ден на ден напредуваат се повеќе и повеќе, и ќе можат да не заменат. Знаеме кој е Порто, но ние ќе одиме да одиграме како што знаеме и умееме, па што ќе биде нека биде.“ – вели Блажески.