Блажески останува лидер на стрелците во Супер машката лига

Десното крило на Охрид, Бобан Блажески е во водство на Листата на стрелците и после 2. коло од Супер машката лига. Тој на 13 гола од првото коло додаде уште седум на дуелот против Еурофарм со што успеа да се избори за опстанок на лидерската позиција.

Сепак, има одлична конкуренција во неколку рекоматари и тоа главно на играчи кои настапуваат на крилните позиции како Мајиќ, Петкоски… така што ќе има интересна трка за признанието прв стрелец во сезоната.