Блажевска: Вардар и Металург се подобри од Барселона, нека бидат и од Веспрем (ФОТО)

Вардар со фантастично второ полувреме стигна до пресврт и победа над фаворитот за трофеј на фајнал-форот во Келн, Барселона, а победата не помина незабележана и од конкурентот на македонскиот шампион.

Ривалот на Вардар во домашното првенство, Металург кој успеа да му го одземе трофејот во Купот на Макеоднија му честиташе на изданието против Барселона и пласманот во финалето. Претседателката на клубот, Зорица Блажевска на својот фејсбук профил објави интересен коментар за победата над Барселона и поддршка на македонскиот ракомет. Исто така и на официјалниот веб сајт одвоија простор да известат за успехот на најголемиот конкурент.