БиХ останува во игра за ЕП, прв триумф за Романија

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина имаше одличен натрпевар на гостувањето во Финска од каде што се враќа со победа и зголемување на шансите за пласман на Европското првенство. БиХ славеше против Финска 30:26 и се изендачи по бројот на бодови со Чешка и Белорусија.

Босанците покажаа на терен дека се поквалитетни и во првото полувреме имаа добра предност од пет гола, 7:12. До крајот на полувремето незгодните Финци ја намалија разликата и на полувреме беше 13:15. Вториот дел БиХ го започна квалитетно и најавија дека се дојдени во Финска по бодовите.

Разликата почна да се зголемува, а домаќинот немаше одовор на играта на противникот. Босна направи предност 14:21 со што практично го реши победникот. До крајот Финците само ја намалија разликата, но немаа сили да стигнат до позитивен резултат.

Во рамки на квалификациската група 6, силите ги одмерија екипите со по два пораза во првите две кола. Романија беше домаќин на Литванија и успеа да ја совлада 28:23. Романците беа подобар противник во текот на целиот наптревар. По израмнетит почеток и резултат 4:4, домашната екипа го презема водството и до полувреме направи добра предност 16:13 пред вторите 30 минути.

Во вториот дел Литванија немаше шанси да ја загрози предноста на Романија и мораше да го признае поразот од подобар противник. Највисоката предност што ја имаа Романците беше пет гола како и конечниот резултат.