Битолчани ќе презимат во Европа: Победничкото селфи на пелистерци (ФОТО)

Ракометарите на Пелистер направија подвиг на гостувањето кај Вогошча и победија со 25:28 во реванш натпреварот од третото коло во Челинџ Купот, иако во првиот дел од дуелот губеа со 12:7. Сепак во второто полувреме избраниците на Касим Каменица покажаа карактер и борбен дух, па во финишот стигнаа до посакуваната предност и победа која обезбедува презимување во Европа. Големата победа беше овековечена со селфи од соблекувалната.

15232212_1229963233745411_457789594251773900_n