Битолчани фатија убав залет, имаат плус еден на одмор против Спортинг

После интересни и возбудливи 30 минути во салата „Боро Чурлевски“ во Битола екипата на Еурофарм Работник има предност од 16:15. Ракометарите кои се дел од тимот од Битола одиграа одлично прво полувреме и сосема заслужено се наоѓаат во предност.

Првите 30 минути минаа со многу пресврти. Во текот на целото полувреме и едниот и другиот тим имаа свои моменти. Од почетокот се виде дека никој нема да може да се одвои на поголема разлика и дека нијанси ќе пресудат кој ќе може да дојде до подобар резултат на одмор. Постојано имаше пресврти, така што не можееда се биде сигурен кој тим ќе има поголема предност.

Најголемата разлика во овој дел од средбата беше два гола. Еурофарм Работник успеа да го направи тоа двапати додека, Спортинг имаше еден момент кога беше во плус два. Иако и двете екипи одиграа сосема солидно во одбрана, сепак, имаше и ситуации каде што лесно се успеваше во намерата да се дојде до голот на противникот.

Секогаш кога некој тим ќе успееше да дојде до предност некој успеваше да се врати и да израмни. Во прашање беа нијанси за тоа кој ќе замине на одмор со гол повеќе така што во тие нијанси Еурофарм беше подобар и успеа да го реши првиот дел во своја корист.

Стјепановиќ со четири гола, Ѓукиќ и Јотиќ со по три гола се најпрецизни во Еурофарм Работник после 30 минути игра. Голови во првиот дел постигнаа и Маџовски (2), Кузманоски (1), Остроушко (1), Радовиќ (1) и Шевелев (1).