Битолчани убедливи кај Борец за важни три бода

Велешани решија да продолжат со игрите во Супер лигата, а тоа донесе нов дуел на кој ги одмрија силите со Пелистер. Битолчани сосема очекувано ги добија трите бода на овој натпревар и на тој начин продолжија со добрите резултати.

Пелистер победи убедливо со 37:20, а тоа беше и очекувано. Уште од стартот на мечот наметна силно темпо и без поголеми проблеми успеа постојано да го зголемува водството кое до крајот на првото полувреме стигна до 12 погодоци.

После 19:7 во првите 30 минути во продолжението од средбата дојде до уште поголема предност со што ова беше лесен натпревар за битолчани кои чекорат сигурно кон остварувањето на целта односно кон пласманот во плеј-офот.

За Борец е јасно дека тешко ќе може до бодови, но целта е да се доигра сезоната и да нема последици по клубот кој може да биде казнет доколку се откаже од играње.

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР       20:37 (7:19)

Сала: „Гемиџии“ во Велес. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

БОРЕЦ: Солев, Костовски, Кочов 2, Илиевски 3, Смилев 4, Ацев, Јордановски 2, Минов 6, Караманов, Ристовски 1, Ристов 2.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 2 мин.

ПЕЛИСТЕР: Плех, Вардовски, Петров 6, Маџовски, Поповиќ, Чантурија, В. Димитровски, Табанге 11, Апостоловски, Лековиќ 5, И. Димитровски 4, Кобетиќ, Стоилевски 4, Дрогришки 7, Ивановски.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 4 мин.