Битолчани со ново засилување: Васко Димитровски се врати во Пелистер

Пелистер во продолжение на македонската Супер лига ќе бидe посилен за искуството на Васко Димитровски. 33-Годишниот пивот познат меѓу битолчани  како „Папа“, по кратката авантура во Унгарија се врати во матичниот Пелистер, за кој ќе настапува во наредните две сезони.
Искусниот кружен напаѓач минатата сезона ја заврши во Прилеп, а во својата кариера освен за Пелистер краток период настапуваше во редовите на Вардар. Васко Димитровски пристигнува во Битола од Егер Естерхажи каде ги помина изминатите два месеци.
Ракометниот клуб Пелистер оваа сезона стартуваше со високи амбиции, а измените во раководството на клубот и финансиска помош од општината не беа доволни за успех. Новите засилувања се покажаа како недоволни за борба со најдобрите екипи во македонската лига, и по пет кола Пелистер се наоѓа на осмата позиција во Супер лигата, причина повеќе да се доведе нов ракометар во составот на Николовски.