Бешикташ ќе напаѓа со хрватски крила: Ведран Зрниќ од Плок се сели во Истанбул

Поранешниот хрватски репрезентативец, носител на златен медал од Oлимписките Игри, Ведран Зрниќ својата кариера ќе ја продолжи во Бешикташ. Откако не го продолжи договорот со полскиот вицепрвак Висла Плок минатата сезона, Зрниќ повторно се враќа во елитното друштво на Лигата на шампионите овој пат преку турскиот шампион.
Тој во својата плодна кариера со репрезентацијата на Хрватска освои 5 медали од големите натпреварувања, меѓу кои Светското првенство во ракомет 2003 во Португалија. Своите најдобри ракометни години ги помина во бундеслигашот Гумерсбах, а покрај Висла Плок има настапувано за Загреб, Пруле и Горење Велење.
Турците по разочарувачките резултати во Лигата на шампионите, се одлучија за нови засилувања во екипата, во која игра уште еден поранешен хрватски репрезентативец Иван Нинчевиќ.