Бешикташ загуби, Прибак и Лазаров погодија по еднаш

На гостувањето во Португалија кај Спортинг тимот на Бешикташ не успеа да се снајде најдобро и претрпе висок пораз од 34:27. Домашните имаа предност во текот на целиот меч, па гостите не успеаја да не успеаја да се доближат за да успеат да освојат бодови.

За Бешикташ денеска настапија и Немања Прибак и Филип Лазаров, но успеаја да погодат само еднаш. Прибак го постигна првиот гол на средбата, а домашните не оставија премногу простор за игра.

Овој резултат не оди во прилот на Металург, а не е многу позитивно ниту ремито на Чеховски медведи со Мотор од 30:30 така што „металурзите“ ќе мора утре да го совладаат Монпеље доколку сакаат да се изборат за втората позиција на табелата на крајот од групната фаза.