Бешикташ во плановите на СЕХА лигата: Сè ќе се знае до 15 јуни!

Пред финалниот ден од СЕХА лигата, извршниот комитет на регионалното натпреварување ја одржа завршната прес-конференција. Покрај замениците на претседателот на СЕХА, Томислав Граховац и Агрон Хајредин и извршниот директор Синиша Остојиќ на прес конференцијата која се одржа во хотелот „Бенекинтс“ во Веспрем, говореше претседателот на СЕХА лигата Михајло Михајловски. Меѓу позначајните прашања околу проширување на СЕХА Гаспром лигата, челниците на регионалното натпреварување го потенцираа турскиот претставник Бешикташ како најсериозен кандидат за влез во СЕХА натпреварувањето.
Претседателот на СЕХА лигата Михајло Михајловски:
„Пријатно сум изненаден од интерсот за СЕХА лигата, тоа ни дава признание и желба да продолжиме да ја развиваме СЕХА лигата како и досега. На одржаните состаноци со сите ракометни федерации и клубови од земјите учеснички, добивме признание за залагањето, организацијата и развојот на лигата. Ова е веќе втора сезона соработка со главниот спонзор Гаспром затоа сакам да се заблагодарам за укажаната довербата. СЕХА оваа година има три претставника во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тука сме на четвртиот Фајлн Фор турнир, минатата година добивме пофалби од канцеларијата на ЕХФ за организацијата, ние се приближуваме од година во година до Келн.
Задоволство ни е што од федерациите на седум земји добивме пофалби за СЕХА лигата, а од клубовите не добиваме критики, туку конструктивни идеи како да се развиваме понатаму.
По состанокот на извршниот комитет ги донесовме следните заклучоци:
Договорот со спонзорот на лигата, Гаспром до крај на оваа сезона да го продолжиме за нови четири години.
Вториот заклучок е да го разгледаме предлогот на Гаспром, турскиот шампион да игра во СЕХА лигата и тој ќе биде еден од потенцијалните кандидати. Ќе имаме слатки маки по завршувањето на првенствата да извршиме инспекција во клубовите и до 15 јуни да знаеме кои екипи ќе играат во СЕХА следната сезона.
Донесовме одлука да се формира ракометен форум во кој ќе членуваат сите клубови учесници, ќе се одржува двапати годишно, за да може да се разгледаат предлозите од клубовите за подобрување на лигата и условите.
Истотака официјално го променивме името во СЕХА Гаспром лига, и сега ќе бидеме поврзани за брендот Гаспром, а не само за еден проект.“