Бесплатен влезот за ЖРК Вардар – Дунајварош

Вториот тим на ЖРК Вардар на 23.11.2014 со почеток од 17:00 часот во СЦ ” Јане Сандански”  го пречекува Дунајварош во реванш натпреварот од третото коло во ЕХФ Купот. На првиот натпревар одигран во Дунајварош домашната екипа победи со 28:20. Вардарки очекуваат пред домашната публика да се покажат во подобро издание. Влезот за натпреварот е бесплатен.