Бенфика прави сериозен тим: Павел Атман ќе му стане соиграч на Ристовски?

Тимот на Бенфика, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски, за следната сезона веќе договори две одлични засилувања.

Станува збор за данскиот репрезентативен пивотмен Рене Тофт Хансен, кој во португалскиот тим доаѓа од Веспрем, како и за левиот бек од Брест Мешков, Петар Ѓорѓиќ.

Бенфика во следната сезона ќе биде дел од ЕХФ Купот, но раководството на оваа екипа, не планира да запре во обидот да го симне Порто од врвот.

Од сезоната 2020/2021, во Бенфика би требало да се пресели и поранешниот среден бек на Металург, Павел Атман, кој во моментов е дел од бундеслигашот Хановер.

Атман по заминувањето од Мешков Брест потпиша тригодишен договор со Хановер, но веројатно ќе има нов предизвик во кариерата по истекот на верноста со германскиот тим.