БЕНЕ Лига: Тасевски го држи Нело во трката за плеј-оф

Македонскиот интернационалец Влатко Тасевски и оваа сезона е лидер на белгискиот Спортинг Нело. Тој беше еден од клучните ракометари во неговиот тим, кој славеше минимално на домашен терен над холандскиот Квинтус со 29:28. Ова беше натпревар од 5 коло на регионалната БЕНЕ Лига, а со победата Нело останува во конкуренција за врвот и  пласман во плеј-офот.

Тасевски, кој своевремено со голем успех настапуваше за Преспа, Пролет и Вардар беше стрелец на 8 голови во триумфот на Спортинг Нело. Следен предизвик за овој тим и за македонскиот бек ќе биде натпревар на гости кај Алсмер во Холандија.

Фото: Anke van de Vorst