Белорусија со одличен пресврт во финишот до победа против Исланд

Во првиот натпревар од третиот натпреварувачки ден, силите ги вкрстија Белорусија и Исланд. По изедначената игра која траеше во текот на целиот натпревар, Белорусија благодарение на одличниот финиш успеа да триумфира во најефикасниот натпревар на првенството до сега со резултат 39-38 (18-17).

Изадначен беше стартот за Исланд да направи разлика од два погодоци (7-5) преку Петерсон и Сваварсон во седмата минута од натпреварот. Рутенка и Бабичев брзо возвратија за изедначување во десетата минута (7-7). Во минутите кои следуваа Исланд преку Гуннарсон повторно направи серија од 3-0 за (9-12) но Белорусија повторно успеа да возврати и да го изедначи резултатот. Сепак до крајот на првиот дел Исланд успеа да отиде на пауза со еден погодок разлика (18-17).

Преку Баранау, Белорусија веднаш изедначи на стартот на вториот дел, но Исланд уште ја направи најголемата позитива од 4 погодоци благодарение на Палмарсон и Гуннарсон (24-20). Белорусија ја зацврсти одбраната и го консолидираше нападот а тоа резултираше со повторно враќање на резултатот во егал (24-24). Изедначена и доста ефикасна игра следуваше во продолжение, а Белорусија успеа конечно да ја префрли предноста на своја страна (37-26) на само 3 минути до финалниот звук на сирената. Шиловиќ и Кулеш ставија печат на пресвртот која го направи Белорусија и ја зголемија предноста (39-37), а Сваварсон на три секунди пред крајот успеа да намали за конечни (39-38).

 

ФОТО: Karol Bartnik