Бекот на Металург стрела одлично: Јагањац на два гола од врвот во ЛШ

Левиот бек на екипата на Металург, Халил Јагањац има 42 погодоци после седум кола во Лигата на шампионите, а со нив се наоѓа на 3. позиција на Листата на стрелците.

Јагањац беше на ниво и в неделата против Монпелје кога постигна пет гола со што само остана меѓу најефикасните. Сега е на делба на 3. место со Енди Шмид од Рајн Некар и Мате Лекаи од Веспрем коишто исто така имаат постигнато по 42 гола.

На делба на првото место се Рамазан Доне од Бешикташ и Стипе Мандалиниќ од ППД Загреб. И двајцата имаат по 44 гола во досегашниот дел од сезоната.