Без Јоноски против Австрија?!

Нов малер за нашата репрезентација во Катар. По проблемите кои ги имаше Немања Прибак со труење од храна, под знак прашалник за утрешниот натпревар против Австрија е и столбот на одбраната Ацо Јоноски. Дефанзивецот на вчерашниот натпревар против Хрватска го повредил скочниот зглоб, а докторот на репрезентацијата Никола Панчевски констатираше дека се работи за дисторзија на зглобот од лесен карактер. Повредата е санирана но денес Јоноски сеуште има оток на ногата па неговиот настап против Австрија е под знак прашалник. Дополнителните прегледи ќе го дадат одговорот дали Јоноски ќе биде подготвен за утрешниот натпревар.

Натпреварот против Австрија е на програмата утре од 17:00 часот. Ова ќе биде клучен натпревар за нашата репрезентација за пласман на втората позиција на табелата.

Jonovski Јоновски е незаменлив дел од македонската одбрана[/caption