Без разлика кој ќе победи денеска: Четири тима на Ф4, четири Шпанци на клупата

Без разлика кои тимови ќе им се придружат на Барселона и на Веспрем на Ф4 турнирот во Келн на 1 и 2 јуни јасно е дека на клупата на секој од тимовите ќе седат тренери од Шпанија.

Стратезите од оваа земја се на цена и тие секој ден добиваат на сè поголемо значење. Со оглед на тоа што на четирите екипи кои денеска ќе играат на клупата седат тренери од Шпанија јасно е дека на фајнл-фор турнирот ќе има само тренери од оваа земја.

Веќе пласман обезбедија Чави Пасквал (Барселона) и Давид Дејвис (Веспрем). Оттаму кој и да помине денеска само ќе ја зголеми бројката. Како што е познато Роберто Гарсија Парондо го предводи Вардар, Раул Гонзалес тимот на ПСЖ, Хуан Карлос Пастор екипата на Пик Сегед, а Талант Душебаев составот на Келце.

Останува само да се комплетира списокот, а поблизу да им прават друштво на Пасквал и Дејвис се Парондо и Душебаев.