Без играчи на Вардар и на Металург во најдобрата седумка (ВИДЕО)

Сосема очекувано после поразот од Келце во тимот на колото во Лигата на шампионите нема ракометари на Вардар, но на изненадување нема ниту од тимот од Полска. Покрај тоа нема ниту од другите поголеми клубови, па единствениот претставник е Нилсон од Веспрем.

Нема ниту ракометари на Металург во најдобрите седум, а во изборот се најдоа дури тројца од групите Ц и Д. Покрај тоа има и тројца чии тимови претрпеа порази што само покажува дека не е секогаш важно тимот да победи и се гледа само постигнувањето на поединецот.

Место во најдобрата седумка имаше за: Вестби (Елверум), Карол Марцо (Спортинг), Могенсен (Скјерн), Ласен (Бјерингбро), Божиќ-Павлетиќ (ППД Загреб), Нилсон (Веспрем) и Нилсен (Скјерн).

Најдобрите потези на секој од нив можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.