Бегоња Фернандез и кажа збогум на репрезентацијата

Капитенот на шпанската женска ракометна репрезентација и ракометарка на Вардар, Бегоња Фернандез го одигра последниот натпревар за репрезентацијата. Во ревијалниот натпревар кој шпанската репрезентација го одигра против селекцијата на ѕвездите таа го објави крајот на својата репрезентативна кариера.

Честа која и беше укажана на шпанската репрезентативка започна уште во петокот кога од шпанската ракометна федерација доби посебно признание за својот придонес во националниот тим. Тоа бил посебно емотивен момент, а подоцна заминала на свечена вечера со своите соиграчки.

Своето последно збогум Бегоња Фернандез го кажа во последните минути од натпреварот:

Натпреварот беше прекинат, по што јас го постигнав последниот гол. Следуваа емотивни моменти со моите соиграчки каде ја почуствував љубовта буквално од сите. Многу сум среќна.

Бегоња

Поминавме прекрасни заеднички моменти со овие девојки.Тоа е една етапа која се затвора и секако дека ми е по малку жал. Но животот е таков, доаѓаат нови млади ракометарки кои треба да ги бранат боите на репрезентацијата и јас тоа го прифаќам.

Бегоња 1

Од репрезентативните моменти секогаш ќе се сеќава на сребрениот медал од Европското првенство 2008 година во Македонија:

Сите медали се важни но тоа беше прв голем успех. Од тогаш започнаа сите наши успешни резултати.

На Европското првенство 2008 година во Македонија и Светското првенство 2009 година во Кина прогласена е за најдобар пикер. Носител е и на бронзен медал од Олимписките игри во Лондон 2012 година.

Бегоња Фернандез потпиша нов договор со ЖРК Вардар СЦБТ, и по завршувањето на репрезентативната кариера може целосно да се посвети на клубските обврски.