Бебешко: Пресудна беше агресивната одбрана на Вардар

По поразот од Вардар во рамките на Лигата на шампионите се чувствуваше разочарувањето во екипата на  Мешков Брест. Тренерот на Белорусите, Бебешко и столбот на одбраната Раде Мијатовиќ по завршувањето на натпреварот беа едногласни дека одбраната на Вардар во вториот дел ја направи разликата на натпреварот.

Раде Мијатовиќ: „ Игравме добро во првото полувреме добро, но неколкуте врзани одбрани на Страхиња Милиќ беа пресудни за победата на Вардар. Ова е наша прва година во појаката група од Лигата на шампионите и мислам дека можеме подобро од ова. Се надевам дека во следните натпревари ќе бидеме подобри “

Бебешко: „ Честитки на екипата на Вардар за победата. Ние покажавме дека можеме да се бориме во оваа група и дека можеме да играме добро.  Пресудна беше агресивната одбрана на Вардар во второто полувреме. На крајот на натпреварот не успеавме да фатиме резултатски приклучок, но сепак мора да продолжиме напред и да се надеваме дека ќе бидеме подобри во натпреварите што следуваат. “