Бајрамоска го продолжи договорот со Крим Меркатор

Поранешната репрезентативка на Македонија, Мирјета Бајрамоска и следната сезона ќе го носи дресот на Крим Меркатор. Бајрамоска се покажа во одлично светло во Крим и беше главната ракометарка на екипата низ настапите во Лигата на шампионките. И покрај финансиската криза, Крим се обидува да ги задржи најдобрите ракометарки. Освен со Бајрамоска, клубот го продолжи договорот и со репрезентативката на Бугарија, Елизабет Омореги. Со Бајрамоска е продолжен договорот на една година, додека со Омореги е потпишан договор до 2018 година.