Бајрамовска најдобра во својот клуб, но Есбјерг со „десетка“ за Крим

Во рамките на првото коло од Групата Д во Лигата на шампионите, словенечкиот претставник Крим гостуваше кај Есбјерг во Данска. Натпреварот заврши со висок пораз за составот на македонската интернационалка иако таа беше најдобриот поединец во редовите на Крим.

201712020102038_9

Данките наметнаа силно темпо и уште на самиот почеток со серијата од 4-0 најавија победа на овој дуел. Разликата постојано се зголемуваше, а само по десет минути изнесуваше +6 (8-2). Во средината на првиот дел Крим покажа знаци на живот и се обиде да го искористи моментот и да се врати во игра, но успеа само да дојде до негатива од два гола (10-8 18′ Бенко). Есбјерг на своја страна ги имаше расположените холандски бекови Ван Дер Хејвен и Полман, а тоа значеше повторно враќање на високото водство, кое во 27та минута достигна рекордни седум голови (17-10). Точка на првиот дел стави Георгиев за конечни 17-11.

Ниту вториот дел не промени многу. До 37та минута разликата меѓу двете екипи беше 10 погодоци, а веќе во следниот напад Ван Дер Хејвен ги постави највисоките +11 (25-14). Во рутинирана завршница кога се разјаснија сите прашања околу победникот на овој дуел, домашниот состав го приведе мечот кон посакуваниот крај за конечни 35-25 и прва победа во Лигата на шампионките.

Најпрецизна на теренот беше холанскиот десен бек Ван Дер Хејвен со 11 погодоци, а ја следеа Алм и Полман со по шест. Кај Крим стандардно најдобра поединка беше Мирјета Бајрамовска со шест погодоци, пред Бенко и Георгиев кои забележаа по четири голови.

Во следното коло, Крим го пречекува Ларвик дома, во обид да дојде до своите први бодови, а составот на Есбјерг ќе гостува во Шведска кај Савехоф.