Бајрамовска и Крим му дадоа 41 гол на Жалец

Во последниот натпревар од есенската полусезона, ракометарките на Крим го победија на гостински терен составот на Зелена Долина Жалец со 41:27 и паузата ќе ја дочекаат со максимални осум победи на осум натпревари во словенечкиот шампионат.

Во дуелот кој послужи како добра проверка за тренерот Брегар пред последното решавачко коло во Лигата на шампионите, македонската интернационалка Мирјета Бајрамовска постигна 4 голови, два на стартот и два на крајот на натпреварот.