Бајрамовска и Крим ги наплатија ланските долгови против Загорје

Тимот на Крим лани остана без титулата во словенечкиот шампионат, откако одигра два нерешени дуели против ГЕН Загорје. Но годинава веројатно Крим и Мирјета Бајрамовска нема да имаат тешка задача да се вратат на тронот, барем ако се суди по првиот натпревар одигран на теренот на Загорје, каде победи Крим со 27:21.

Меѓу двата дуели од Лигата на шампионите со Ларвик и Савехоф, ракометарките на Крим го одиграа овој натпревар од домашниот шампионат, на кој Бајрамовска беше стрелец на 1 гол.