Баја Маре на поправен во Ларвик

Амбициозната екипа на Баја Маре лошо го почна стартот во Лига на шампионите. Романскиот тим беше прегазен од Мец во Франција додека на свој терен доживеа минимален пораз од Ларвик. Баја Маре беше подобра од Лублин на првиот натпревар во новата сезона. Доколку романките бидат поразени во Ларвик ќе бидат во многу незгодна ситуација и нивното учество во вториот дел ќе биде под знак прашалник.

Во Д групата Ларвик има максимален број на бодови, на втората позиција е Мец, на третото место моментално се наоѓа Лублин и на последното Баја Маре. Освен Ларвик сите екипи имаат по два освоени бодови но поради лошата разлика Баја Маре моментално се наоѓа на четвртото место.

Ларвик – Баја Маре 08.11.2014 – 18:15 часот.